РЕШЕНИЈА И МЕРКИ ЗА ПОВИСОКИ ЕКОЛОШКИ СТАНДАРДИ ВО ОПШТИНА ИЛИНДЕН

 Општина Илинден во рамките на своите надлежности активно работи на концептот за заштита на животната средина од загадувањето од ОКТА како еден од најголемите загадувачи.

Градоначалникот на општина Илинден г-дин.Жика Стојановски во согласност со законот за животна средина на ден 01.02.2010 г.(понеделник) спроведе постапка за "Стратегиска оцена на животна средина" со што се изготви Извештај за стратегиска оценка на животната средина за Нацрт Урбанистичкиот план вон населено место Миладиновци за индустрискиот комплекс рафинерија на нафта ОКТА за плански период 2010-2020 г.

На одржаната јавна расправа присуствуваа и активно се вклучија во дискусијата граѓани, невладини и други организации, правни и физички лица, советници од Советот на Општина Илинден, претставници на месните заедници, стучни лица, Јавни комунални претпријатија, како и заинтересираната јавност.

Целта на донесувањето на Урбанистички План за индустрискиот комплекс рафинерија на нафта ОКТА и Извештајот за стратегиска оцена на животната средина е да се создадат можности и концепциски решенија и мерки за заштита на животната средина со имплементирање на највисоки еколошки стандарди и мерки за заштита и спасување како и изградба на капацитети кои ќе допринесат до значително намалување на негативните влијанија врз квалитетот на воздухот, водата и почвата.

Предностите со изработката на Урбанистички План за индустрискиот комплекс рафинерија на нафта ОКТА и Извештајот за стратегиска оцена на животната средина се користење на веќе постојната инфраструктура, незафаќање на ново земјоделско земјиште, концентрација на производните капацитети и востановување на највисоки еколошки стандарди сограсно позитивните законски прописи и директивите на ЕУ.

Изработката на Урбанистички План за индустрискиот комплекс рафинерија на нафта ОКТА и Извештајот за стратегиска оцена на животната средина претставува појдовна основа во постапката за обезбедување на првата А интегрирана еколошка дозвола во Република Македонија.

 

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

пребарување

ilinden.gov.mk © 2010