





РЕНОВИРАЊЕ И МОДЕРНИЗИРАЊЕ НА ОСНОВНОТО И ПОДРАЧНИТЕ УЧИЛИШТА "РИСТО КРЛЕ"Општина Илинден во насока на реновирање и модернизирање на училишните простории и згради, се со цел на учениците да им се обезбедат квалитетни услови за реализирање на наставната програма како и да се подигнат нормите, вредностите и стандардите во образованието,реализира неколку активности. Извршена е замена на сите дрвени прозорци со нови ПВЦ прозорци и нови алуминиумски влезни врати во Подрачното училиште Ристо Крле во населеното место Мралино. Во Подрачното училиште во населното место Бунарџик се изврши покривање на влезните училишни скали како и интензивно се работи на целосно оградување на училишниот двор. Додека пак во Централното основно училиште Ристо Крле во населено место Кадино целосно се променети со нови алумиумски врати сите влезови во основното училиште како и од страна на Министерството за образование се добиени 112 компјутери за учениците,113 лаптопи за учениците од прво до трето одделение,25 лаптопи за наставничкиот кадар како и целосно се обезбедени компјутерски маси и столчиња. На овој начин на учениците од Централното основно училиште и двете подрачни училишта Ристо Крле во општина Илинден значително ќе им се подобрат и обезбедат поквалитетни услови за покажување на своите способности и постигнување на високи резултати во образовнот процес. » |
LanguagesпребарувањеНастани |
Остави коментар