Во соработка со УСАИД - Проект за локална соработка, општина Илинден воведува нова можност за граѓаните на општина Илинден да бидат во постојaна комуникација со општинската администрација, со цел да се подобри комуникацијата, јавниот сервис и јавните услуги на општината.
Со Проектот „Е-Општина Пријави Проблем“ се дава на граѓанинот можност да пријави проблем преку интернет и така да оствари директна и ефикасна комуникација со општината.
Преку директната адреса www.servis.ilinden.gov.mk или преку интернет страницата на општината www.ilinden.gov.mk, се доаѓа на платформата каде се наоѓа формуларот за пријавување проблеми.
На формуларот за пријавување проблем има за избор десет прецизирани сфери во кој ќе можат да се пријават проблеми, и тoa:
Улично осветлување
- Пријавете дефект на улично осветлување.
Улици, патишта и тротоари
- Пријавете оштетување на асфалт, бетон, камени коцки и бекатон;
- Пријавете работа на пат, улицa или тротоари.
Објекти за кои постои опасност од нивно уривање
- Пријавете објекти за кои постои опасност од уривање: стари куќи, потпорни ѕидови и сл.
Урбана опрема
- Пријавете оштетување на урбана опрема: клупи, корпи за отпадоци и детски забавни паркови.
Градби и диво градби
- Пријавете почеток на изградба на нов објект, доградба и надградба на постоечки објект за кој сметате дека не поседува соодветна документација.
Животна средина
- Пријавете непријатна миризба, палење на отпадоци, загадување на амбиентален воздух, површински води (реки и езера);
- Пријавете долготрајна и честа појава на бучава од угостителски објекти, работа на машини и постројки.
Отпад
- Пријавете несовесно постапување со комунален, комерцијален, индустриски неопасен отпад, растителен отпад, отпад од пакување, отпадни масла, искористени (хаварисани) возила, проблеми со собирање и транспорт на отпад од ЈКП, отпад во приватен имот кој предизвикува нарушување на здравјето на луѓето, градежен шут на регионални патишта и во природа.
Јавно зеленило
- Пријавете уништување и узурпација на јавно зеленило, зеленило покрај улици, паркови, плоштади, кеј, културно историски споменици, јавни паркиралишта, детски забавни паркови, игралишта, гробишта.
Водовод и канализација
- Пријавете истек на вода од водовод или канализација;
- Пријавете дефект на водоводна инсталација;
- Пријавете ако има запушување на канализациона мрежа;
- Пријавете паркирано возило над водоводна или канализациона шахтa;
- Пријавете ако некој гради над водоводната или канализационата мрежа;
- Пријавете ако некој врши ископ на подземната водоводна или канализациона мрежа;
- Пријавете приклучок на водоводна или канализациона мрежа без присуство на овластени лица од "ЈКП Водовод Илинден".
Сообраќајна сигнализација
- Пријави потреба за поставување на сообраќајна сигнализација на одредени локации согласно сообраќајните прописи;
- Пријавете оштетување на постојната сообраќајна сигнализација.
По пријавувањето на проблемот, граѓанинот ќе биде известен за постапката од пријавениот проблем во најкус можен рок и така се поврзува во директна комуникација со општинската администрација.
Општина Илинден се залага за совесно работење со новата апликација и за нејзино понатамошно проширување со што им овозможува на граѓаните подобри услови во нивната средина.
Како прилог ви доставуваме кратко УПАТСТВО во PDF формат.
Остави коментар