Отпочната постапка за ИСО стандардизација на Општина Илинден

Општина Илинден отпочна со постапката за имплементација на Системот за менаџмент за квалитет односно воведување на ИСО 9001:2008 стандардот во локалната самоуправа.

Главната цел со имплементирање на ИСО стандардот во работењето на општина Илинден е овозможување, идентификување и навремено реализирање на потребите и очекувањата на своите граѓани, со што на ефективен и ефикасен начин ќе се реализираат.одржуваат и подобруваат општите перформанси и можности за одржлив развој на општината.

Во таа насока се спроведува постапката за пријавување на консултански фирми кои ќе го воведат Системот за менаџмент на квалитет во Општина Илинден.

На овој начин ќе се допринесе да граѓаните на општина Илинден добијат навремена и поквалитетна услуга, како и ќе се подобрат организационите можности, ефикасно искористување и управување на човечките ресурси во локаната администрација.

Средставата за иплементација на овој проект за воведување на ИСО стандарди е целосно финансиран со сретства од Буџетот на Општина Илинден.  

 

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

пребарување

ilinden.gov.mk © 2010