



Отпочнат Проектот “Подигање на управувачките и финансиските капацитети на месните самоуправи во општините во Р.Македонија”Општина Илинден во соработка со Центарот за Локален развој и транспарентно владеење (ЦЛРТВ), со поддршка од Институтот отворено општество од Будимпешта-Р.Унгарија, отпочна со реализација на Проектот "Подигање на управувачките и финансиските капацитети на месните самоуправи во општините во Р.Македонија". Со проектните активности предвидено е да се изврши формирање на функционални модели на месни заедници, кои ќе можат да спроведуваат делегирани надлежности од општината. Во општина Илинден функционираат 12 месни заедници и преку овој проектот ќе се овозможи да со заедничака соработка помеѓу месните заедници и локалната самоуправа се воспостават и применат механизми за реализација на локални проекти, учество во планирањето и имплементацијата на пошироките општински инвстиции кои влијаат на функционирањето на Месните заедници,како и вклучување на месните заедници во процесите за подобрување и изедначување на квалитетот на испорачување на услугите и решавање на приоритетните проблеми до граѓаните.
На овој начин ќе се допринесе до подигање на капацитетите на месните заедници,зголемување на процесите во донесувањето на одлуки на локално ниво се со цел да на граѓаните им се овозможат поквалитетни и подобри услови за живеење |
LanguagesпребарувањеИзвестувањаНастаниИзвестувања
|
Остави коментар