Општина Илинден во соработка со Заедницата на единиците на локални самоуправи (ЗЕЛС) и со поддршка на УСАИД, отпочна со реализација на Проектот Транспарентна општина.
Со проектните активности предвидено е преку повеќе работни средби со Градоначалникот, претставници од невладиниот и бизнис секторот, месните заедници, медиумите, претставници на локалната самоуправа, Советниците во Локалната самоуправа, да се изнајдат и утврдат начините на информирање во општината како и формите на комуникација со граѓаните.
Целта на проектот е да се воспостави конкретен начин на пренесување на вистинските и правилните информации до граѓаните, со што тие би се информирале за реализираните, тековните и идни планови и активности во работењето и функционирањето на општината, како и утврдување начин на заедничка комуникација за решавање на проблемите со кој се среќаваат граѓаните.
На овој начин значително ќе се влијае во подобрувато на комуникацијата помеѓу граѓаните и локалната самоуправа, во добивањето на правилна и вистинска информација како и подобрување на условите на живеење.
Остави коментар