Prijavi problem

Општина Илинден во соработка со Ван Хол организира обука за невработени

Објавено на: 12.06.2014 - 10:05

Општина Илинден во соработка со компанијата Ван Хол на 12.06.2014 (четврток) со почеток во 14:00 часот организира обука за невработени лица за потребите на оваа компанија, што ќе се одржи во Средното стручно училиште „Илинден“. 

На обуката претставниците на белгиската компанија за производство на автобуси ќе ги запознаат невработените лица со профилот на кадри што во иднина ќе им биде потребен, но и со начинот на аплицирање за вработување.

Со единствена цел да им се помогне на младите што побрзо да дојдат до вработување, а во рамките на одличната соработка со бизнис секторот и со државните институции Општина Илинден досега организираше повеќе обуки за невработени лица што беа реализирани со претставниците на Агенцијата за вработување, но и на „Џонсон Мети“, „Пекабеско“, Балканска млекарница „Суташ“, фабриката за работна и заштитна облека „VPTEX-Македонија“.

Обуките се отворени и на нив можат да присуствуваат сите заинтересирани невработени лица од Општина Илинден.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

„Најдобриот работник“ во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013