Општина Илинден доби кредитен рејтинг

Општина Илинден обезбеди кредитен рејтинг во соработка со УСАИД во рамките на проектните активности на Проектот за локални самоуправи во Македонија (МЛГА).

Со изготвувањето и добивањето на кредитниот рејтинг, Општина Илинден е едната од првите општини која ќе излезе на пазарот на капитал, со издавање на општински обврзници.

Согласно законската регулатива овозвожена од Министерството за финансии, издавањето на општинските обвзници е дадена како можност за обебедување на сретства за реализација на приоритетните капитални проекти во општината.

Покрај изготвувањето на кредитниот рејтинг со потпишаниот меморандум за соработка со УСАИД се обезбедуваат обуки,техничка помош како и поддршка во превземањето на широк спектар на задачи и обврски како и услуги поврзани со планирањето,капиталното буџетирање и кредитирање на општините.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

пребарување

ilinden.gov.mk © 2010