



НАМАЛЕНА ЦЕНАТА ЗА УРЕДУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ - КОМУНАЛИИ ВО ОПШТИНА ИЛИНДЕНОпштина Илинден донесе Одлука за намалување на висината на комуналиите односно надоместокот за уредување на градежното земјиште за 25 %. Со донесувањето на оваа одлука се намалија комуналии за стопанските објекти како и за стамбените објекти односно домаќинствата. Новата цена за стопанските објекти за 1м² изнесува 15 Евра додека пак за стамбените објекти односно домаќинствата за 1м² комуналиите изнесуваат 2 Евра. Со намалувањето на надоместокот за уредување на градежното земјиште ќе се овозможи стимулирање и привлекување на нови инвестиции како развој на постоечките стопански капацитети се во функција на локалениот економски развој на општина Илинден, како и ќе се допринесе до отварање на нови работни места. Воедно со намалување на цената на комуналиите за стамбените објекти односно домаќинствата, граѓаните на општина Илинден ќе можат по пониски цени, да се стекнат со одобрение за градење на своите објекти.
|
LanguagesпребарувањеИзвестувања
Настани
Известувања |
Остави коментар