Prijavi problem

Квартален извештај за извршување на буџетот на Општина Илинден за период од 01.01 до 30.06.2019 година

Објавено на: 05.09.2019 - 14:30

Во рамките на својата транспарентност и отчетност за финансиското работење го презентираме Кварталниот   извештај   за   извршување   на   буџетот   на   Општина Илинден за период од 01.01 до 30.06.2019 година. Извештајот беше усвоен од страна на Советот на Општина Илинден на неговата 26 редовна седница.

Во период од 01.01.2019 година до 30.06.2019 година во Буџетот на Општината во 2019 година остварени се приходи од 177.829.118,00 денари, кои заедно со пренесеното салдо изнесуваат вкупно 179.544.897,00 денари или 50,21 % од планираниот буџет.  

Од остварените приходи, реализирани се расходи за извршувањето на функциите на општината во износ од 152.031.957,00 денари.

Со своето учество од  69.731.597,00 денари, капиталните расходи заземаат 76% од реализираните расходи на основен буџет во  вториот квартал. Најголемиот дел од нив се однесуваат за вложување во патната инфраструктура (изградба, реконструкција, санација и рехабилитација на локалната патна инфраструктура), вложување во изградба на фекална канализација и зафаќање на атмосверски води.

Во првите два квартала од 2019 година во делот на подобрување на патната инфраструктура - изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локалните улици и патишта, опфатени беа 20 локални улици со вкупна должина од 6.225 метри.

Во рамки на Проектот за подобрување на општински услуги (МСИП), реализиран е проектот „Рехабилитација на локален пат Кадино-клучка автопат А4“. Извршена е целосна реконструкција и проширување на локалниот пат од излезот на населеното место Кадино до поврзување со автопатот А4 во должина од 1.600 метри, вклучувајќи реконструкција на два моста и еден цевкаст пропуст.

Со проектот изградба на фекална канализација и пречистителни станици се продолжија активностите на локации кои подлежат на високо ниво на подземните води.

-Се гради нова канализациска мрежа во должина од 1100 метри во најниските делови на населба Илинден и ги опфаќа улиците „11“, „13“ и „19“ каде што дава можност да се приклучат нови 120 домаќинства, како и јавната општинска установа – Дом на култура Илинден.

Продолжи реализацијата на еколошкиот проект „Со зеленило против загадувањето“, со кој е опфатено озеленување на површина од 70.000 квадратни метри и засадување на 700 садници.

Со Проектот чистење, нивелирање и одржување на отворените одводни канали, како и изградба и подобрување на системот за зафаќање и одведување на атмосферските води досега се исчистени околу 15 километри отворени одводни канали

Организирани се голем број на културни манифестации, изложби и активности за унапредување на културата и културниот живот во општината.

Прилози:

Квартален извештај втор квартал 2019

Квартален извештај прв квартал 2019

 

Финансиски извештаи


Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Инвестициските патишта водат кон општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013