Јавна расправа - Урбанистички Планови/ОКТА

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ИЛИНДЕН

ОБЈАВУВА

Согласност Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на Република Македонија бр.51/05 и бр.137/07) и Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Илинден за 2009 година објавена во Службен гласник бр.15 од декември 2009 година, со арх.број 07-464/4 од 13.03.2009 година, е подготвен : 

  • Нацрт Урбанистички план вон населено место Миладиновци за индустриски комплекс Рафинерија на нафта „ОКТА“-  Миладиновци општина Илинден плански период 2009-2019.

Во согласност со член 67 од Поглавје X (Оцена на влијанието на определени стратегии, планови и програми врз животната средина) од Законот за животна средина  (Службен весник на Република Македонија бр.53/2005, бр.81/2005, бр.24/2007 и бр.159/2008), од страна на Друштво за технолошки, лабараториски испитувања, проектирање и услуги „ТЕХНОЛАБ“ ДОО од Скопје, изработен е

  • Извештај за стратегиска оцена на животната средина за Нацрт Урбанистички план вон населено место Миладиновци за индустриски комплекс Рафинерија на нафта „ОКТА“-  Миладиновци општина Илинден плански период 2009-2019, со број 0702-8/1 од 08.01.2010 година.

Извадок од Нацрт планот и комплетниот извештај за стратегиска оцена на животната средина за планот се достапни на веб страницата на Општина Илинден (www.ilinden.gov.mk) и во просториите на Општина Илинден, со седиште на ул.9  бр.бб н.м. Илинден Скопје, секој работен ден од 08:30 до 16:30 часот.

По увидот заинтересираните граѓани, невладини и други организации, правните и физичките лица и јавноста можат да го достават своето мислење во врска со нацртот на планскиот документ и извештајот за животната средина, во писмена форма до одговорните лица за контакт, назначени од Градоначалникот на Општина Илинден, во рок од 30 дена од денот на објавувањето на информациите во врска со нив.

На ден 01.02.2010 година (Понеделник), во салата за состаноци на Општина Илинден, со почеток во 12 часот ќе се одржи јавна расправа по горе наведените документи. На расправата се покануваат да земат свое учество сите заинтересирани страни.

 
Контакт лица:

Од Општина Илинден

1.Јулијана Димитриевска, Диа

Одделение за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина

Телефон за контакт: 02 2571 703 и 070 359 454

 

Од Друштво за технолошки, лабараториски испитувања, проектирање и услуги „ТЕХНОЛАБ“ ДОО од Скопје

2.М- р Магдалена Трајковска Трпевска, дипл.хем.инж.

Телефон за контакт: 070 265 992

ИЗВЕШТАЈ ЗА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ЗА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ВОН НАСЕЛЕНО МЕСТО ЗА ИНДУСТРИСКИ КОМПЛЕКС РАФИНЕРИЈА НА НАФТА „ОКТА“- МИЛАДИНОВЦИ, ОПШТИНА ИЛИНДЕН ПЛАНСКИ ПЕРИОД 2009–2019 година
 
УПННМ ОКТА Планска Документација нацрт Јуни 2009г. синтезен приказ

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

пребарување

ilinden.gov.mk © 2010