ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА ПО УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА РАФИНЕРИЈА НА НАФТА „ОКТА“ - МИЛАДИНОВЦИ

 Врз основа на член 22 од Законот за локална самоуправа (Сл.Весник на РМ бр.5/2002) и член 24 став 10 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ број 51/2005 и 137/2007), Градоначалникот на Општина Илинден го дава следното

 С О О П Ш Т Е Н И Е

 Се известуваат граѓаните и правните лица од конкретното подрачје опфатено со  Нацрт на Урбанистички план вон населено место Миладиновци за индустриски комплекс Рафинерија на нафта „ОКТА“ - Миладиновци,  општина Илинден, плански период  2009-2019 година, дека Градоначалникот на Општина Илинден донесе Одлука за организирање

 ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

по Нацрт на Урбанистички план вон населено место Миладиновци за индустриски комплекс Рафинерија на нафта „ОКТА“ - Миладиновци,  општина Илинден, плански период  2009-2019 година.

Јавната презентација по Урбанистичкиот план ќе се одржи на 22.06.2010 година (вторник) со почеток во 12:00 часот во просториите на Општина Илинден.

          Урбанистичкиот план ќе биде изложен во н.м.Илинден и во просториите на општина Илинден во рок од 10 работни дена  од денот на објавувањето на ова Соопштение, секој работен ден од 08:30 до 16:30 часот.

Површината на планскиот опфат, кој е предмет на изработка  на урбанистичкиот план  изнесува 142.02 ха

Границата на планскиот опфат на урбанистичкиот план е дефинирана како граница на катастарската парцела од која е оформен стопанскиот комплекс на ОКТА.

Со Нацрт на Урбанистички план вон населено место Миладиновци за индустриски комплекс Рафинерија на нафта „ОКТА“ - Миладиновци,  општина Илинден, плански период  2009-2019 година се предвидуваат следните  класи на намена:

-         Г1  - тешка и  загадувачка индустрија

-         Д2 – Заштитно зеленило

            Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се подигнат во просториите на Општина Илинден.

            Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да достават писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

 ОПШТИНА ИЛИНДЕН

Со клик на графиката мoжете да го преземете Планот, потребен ви е PDF Reader

 

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

пребарување

ilinden.gov.mk © 2010