ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА ПО УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА БЛОК-17

 Врз основа на член 22 од Законот за локална самоуправа (Сл.Весник на РМ бр.5/2002) и член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ број 51/2005, 137/2007 и 91/2009), Градоначалникот на Општина Илинден го дава следното

С О О П Ш Т Е Н И Е

 Се известуваат граѓаните и правните лица од конкретното подрачје опфатено со  Нацрт на Урбанистички план за село Илинден, Марино и дел од Кадино – Блок 17, измена и дополна, 2010-2020, општина Илинден, дека Градоначалникот на Општина Илинден донесе Одлука за организирање

 

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

 

по Нацрт на Урбанистички план за село Илинден, Марино и дел од Кадино – Блок 17, измена и дополна, 2010-2020,општина Илинден.

Јавната презентација по Урбанистичкиот план ќе се одржи на 22.06.2010 година (вторник) со почеток во 11:00 часот во просториите на Општина Илинден.

          Урбанистичкиот план ќе биде изложен во н.м.Илинден и во просториите на општина Илинден во рок од 10 работни дена  од денот на објавувањето на ова Соопштение, секој работен ден од 08:30 до 16:30 часот.

 

Површината на планскиот опфат, кој е предмет на изработка  на урбанистичкиот план  изнесува 16.61 ха

Границата на планскиот опфат на урбанистичкиот план ја зафаќа површината определена со Урбан блок 17

Со Нацрт на Урбанистички план за село Илинден, Марино и дел од Кадино Блок 17, измена и дополна, 2010-2020,општина Илинден се предвидуваат следните  класи на намена:

-         А1 - Домување во станбени куќи

-     Г2 –Лесна и незагадувачка индустрија

-         Е2 - комунална супраструктура 

            Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се подигнат во просториите на Општина Илинден.

            Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да достават писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

 

ОПШТИНА ИЛИНДЕН

Со клик на графиката мoжете да го преземете Планот, потребен ви е PDF Reader

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

пребарување

ilinden.gov.mk © 2010