Prijavi problem

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА: КП 920/2, КО Ајватовци, Општина Илинден

Објавено на: 24.09.2018 - 14:14

Врз основа член 22 од Законот за локалната самоуправа (Сл.весник на Р.М.бр.5/02),а во врска со член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. Весник на Р.М.бр.199/14, бр.44/15, бр.193/15, бр.217/15, бр.31/16, бр. 16316 и бр.64/18,) Градоначалникот на општина Илинден го дава следното  

 

С  О  О  П  Ш  Т  Е  Н  И  Е

             

Се известуваат физичките и правните лица од конкретното подрачје опфатено со Aрхитектонско урбанистички проект за формирање на градежни парцели со основна класа на намена А1 – домување во станбени куќи на КП 920/2 , КО Ајватовци, Општина Илинден, како и субјектите кои ги вршат работите од областа на заштита на животната средина, заштита на културното наследство, заштитата и спасувањето, здавствената заштита, социјалната заштита, образованието, земјоделието, водостопанството, транспортот и врските, воздухопловството, безбедноста, јавните патишта и субјектите надлежни за изградба и одржување на сообраќајна, водоводна, канализациона, електроенергетска, телекомуникациска, топловодна и гасоводна инфраструктура, дека Градоначалникот на Општина Илинден донесе Решение за организирање

 

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

  

За Архитектонско урбанистички проект за формирање на градежни парцели со основна класа на намена А1 – домување во станбени куќи на КП 920/2, КО Ајватовци, Општина Илинден

 

Јавната анкета за Архитектонско урбанистички проект за формирање на градежни парцели со основна класа на намена А1 – домување во станбени куќи на КП 920/2, КО Ајватовци, Општина Илинден, ќе се спроведе во електронска форма преку информациски систем е-урбанизам и со излагање на предлог планот на јавно место во просториите на општина Илинден, во просториите на Дом на култура Илинден и на општинската интернет страница – www.ilinden.gov.mk

Соопштението за организирање на јавна презентација и јавна анкета е објавено во јавните гласила и во информацискиот систем е-урбанизам.

Јавната анкета ќе трае 5 (пет) работни дена од 27.09.2018 година до 03.10.2018 година.

 

Јавната презентација ќе се одржи на 01.10.2018година,(понеделник) со почеток во 13,00часот во просториите на општина Илинден.

    

Во споменатиот рок, заинтересираните физички и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, субјектите кои ги вршат работите од областа на заштита на животната средина, заштита на културното наследство, заштита и спасувањеto, здравствената заштита, социјалната заштита, образованието, земјоделието, водостопанството, транспортот и врските, воздухопловството, безбедноста, јавните патишта и субјектите надлежни за изградба и одржување на сообраќајна, водоводна, канализациона, електроенергетска, телекомуникациска, топловодна и гасоводна инфраструктира можат да доставуваат забелешки и предлози на анкетни листови, во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма.

 

Горе споменатиот Архитектонско урбанистички проект е изработен од  БИЛД УРБАН ДООЕЛ Скопје со технички број 0801/253/18, од 07.06.2018 година.

 

Целта на изработка на Архитектонско урбанистичкиот проект:

Цел на Архитектонско урбанистичкиот проект е урбанизација на помалите населени места согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање

 

Границите на проектниот опфат се следни:

 

На север границата започнува од тромеѓето меѓу КП920/1, КП920/2 и КП1174, па се движи во источен правец долж границата меѓу КП920/1 и КП920/2, КО Ајватовци, Општина Илинден.

На исток  границата се движи долж границата меѓу КП920/2, КО Ајватовци и КП122, КО Бунарџик, Општина Илинден.

На југ границата се движи долж границата меѓу КП920/2, КО Ајватовци и КП121/1, КО Бунарџик, Општина Илинден.

На запад се движи долж границата меѓу КП920/2 и КП1174, КО Ајватовци, односно долж источниот раб на постојниот асфалтиран пат. 

Предметниот проектен опфат ја опфаќа КП 920/2 и се наога на јужниот дел од КО Ајватовци, Општина Илинден.

 

   Координати на прекршни точки на планскиот опфат се:

 

Ред. бр.                Y                                   X

 

      1.          7551170,94                 4650895,87          Најсеверна

      2.          7551249,91                 4650887,81          Најисточна

      3.          7551238,55                 4650857,64

      4.          7551214,63                 4650862,67

     5.           7551153,40                 4650854,33          Најјужна и најзападна

      6.          7551164,69                 4650883,06

      7.          7551169,06                 4650888,17

 

Вкупната површина опфатена во рамките на опишаната граница на проектниот опфат изнесува 0,27 ha.

Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се подигнат во просториите на Општина Илинден, преку информацискиот систем e-urbanizam  и на општинската интернет страница.

 

ПРИЛОЗИ:

АНКЕТЕН ЛИСТ

АУП Ајватовци

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Свечено одбележан Денот на општина Илинден "Илинден 2-ри Август“
ilinden.gov.mk © 2013