Prijavi problem

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

Објавено на: 26.09.2019 - 13:48

Врз основа член 22 од Законот за локалната самоуправа (Сл.весник на Р.М.бр.5/02),а во врска со член 46 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. Весник на Р.М.бр.199/14, бр.44/15, бр.193/15, бр.217/15, бр.31/16, бр. 16316 и бр.64/18,) Градоначалникот на Општина Илинден го дава следното  

 

С  О  О  П  Ш  Т  Е  Н  И  Е

 

Се известуваат физичките и правните лица од конкретното подрачје опфатено со Локална Урбанистичко - планска документација (ЛУПД) со намена Г2 – лесна и незагадувачка индустрија, на КП 812/1, КП 812/2, КП 811/1, КП 811/2 и КП 811/3, КО Илинден вгр, Општина Илинден, со тех. број 12-05/19 од август 2019 година, изработен од ЧИП ГРОУП ДООЕЛ Скопје , како и субјектите кои ги вршат работите од областа на заштита на животната средина, заштита на културното наследство, заштитата и спасувањето, здравствената заштита, социјалната заштита, образованието, земјоделието, водостопанството, транспортот и врските, воздухопловството, безбедноста, јавните патишта и субјектите надлежни за изградба и одржување на сообраќајна, водоводна, канализациона, електроенергетска, телекомуникациска, топловодна и гасоводна инфраструктура, дека Градоначалникот на Општина Илинден донесе Решение за организирање 

 

 

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

 

Јавната анкета за Локална Урбанистичко - планска документација (ЛУПД) со намена Г2 – лесна и незагадувачка индустрија, на КП 812/1, КП 812/2, КП 811/1, КП 811/2 и КП 811/3, КО Илинден вгр, Општина Илинден, со тех. број 12-05/19 од август 2019 година, изработен од ЧИП ГРОУП ДООЕЛ Скопје,  ќе се спроведе во електронска форма преку информациски систем е-урбанизам и со излагање на  предлог планот  на јавно место во просториите на општина Илинден, во просториите на Дом на култура Илинден,  и на општинската интернет страница – www.ilinden.gov.mk 

Соопштението за организирање на јавна презентација и јавна анкета е објавено во јавните гласила и во информацискиот систем е-урбанизам.

Јавната анкета ќе трае 5 (пет) работни дена од 02.10.2019 година до 08.10.2019 година.

 

Јавната презентација ќе се одржи на 04.10.2019година (петок), со почеток во 13,00 часот во просториите на општина Илинден. 

    

Во споменатиот рок, заинтересираните физички и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, субјектите кои ги вршат работите од областа на заштита на животната средина, заштита на културното наследство, заштита и спасувањетo, здравствената заштита, социјалната заштита, образованието, земјоделието, водостопанството, транспортот и врските, воздухопловството, безбедноста, јавните патишта и субјектите надлежни за изградба и одржување на сообраќајна, водоводна, канализациона, електроенергетска, телекомуникациска, топловодна и гасоводна инфраструктира можат да доставуваат забелешки и предлози на анкетни листови, во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма.

 

Горе споменатата  Локална урбанистичко – планска документација  е изработена  од ЧИП ГРОУП ДООЕЛ – Скопје, со тех. број 12-05/19 од август 2019 година   година.

 

Целта на изработка на Локална урбанистичко – планска документација

    Цел на изработка на Локална урбанистичко - планска документација (ЛУПД) со намена Г2 – лесна и незагадувачка индустрија, на КП 812/1, КП 812/2, КП 811/1, КП 811/2 и КП 811/3, КО Илинден вгр, Општина Илинден, е да се формира градежна парцела согласно Член 46 став (1) од Законот за просторно и урбанистичко планирање .

    Основни цели на оваа Локална урбанистичко планска документација:  

          -рационално користење на земјиштето,

          -максимално вклопување на објектите и инфраструктурата со теренот,

          -почитување и валоризација на културното и градителското наследство,

          -почитување и заштита на правото на човекот на работа,

          -почитување и надградување на пејсажните вредности,

          -вградување на компатибилни намени на групата на класа на намена,

          -вградување на мерки на заштита на природата и животната средина,

          -вградување мерки за заштита и спасување, почитување на законските прописи, стандарди и нормативи во планирањето.

    Предметниот плански  опфат се наоѓа северно од село  Илинден и источно од границите на плански опфат на Измената и дополна на УБ2 од Урбанистички план вон населено место за дел од Стопански комплекс Илинден УБ1, 2, 3 и 4.

 

Границите на планскиот  опфат се следни:

 

   На северо-запад  минува низ дел од КП 2824/1KO Илинден вгр

   На северо-исток  минува низ дел од КП 2824/1, продолжува по границата со КП 810, по што скршнува по дел од КП 801 КО Илинден вгр

   На југо-исток минува низ дел од КП 799/1 Илинден вгр

   На југо-запад се граничи со дел од КП 815 и КП 813, по што навлегува на дел од КП 2824/1 КО Илинден вгр.

   Вкупната површина опфатена во рамките на опишаната граница на планскиот опфат изнесува 20861,5 м 2 (2.09 ха).

  Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се подигнат во просториите на Општина Илинден, преку информацискиот систем e-urbanizam  и на општинската интернет страница.

 

                                                                                 ОПШТИНА  ИЛИНДЕН

 

ПРИЛОЗИ:

 

Графички приказ:

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Граѓаните на општина Илилнден активно вклучени во креирањето на буџетот за 2020 година
ilinden.gov.mk © 2013