Prijavi problem

Јавна анкета и јавна презентација

Објавено на: 30.01.2019 - 12:22

Врз основа член 22 од Законот за локалната самоуправа (Сл.весник на Р.М.бр.5/02),а во врска со член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. Весник на Р.М.бр.199/14, бр.44/15, бр.193/15, бр.217/15, бр.31/16, бр. 16316 и бр.64/18,) Градоначалникот на општина Илинден го дава следното  

 

С  О  О  П  Ш  Т  Е  Н  И  Е

 

Се известуваат физичките и правните лица од конкретното подрачје опфатено со Aрхитектонско урбанистички проект за формирaње на ГП со намена Г2-лесна и незагадувачка индустрија на  КП 376/2, 376/6, 377/1, 377/6, 377/7, 377/9, делови од КП 376/5 и 1638/1, КО Кадино, Општина Илинден, како и субјектите кои ги вршат работите од областа на заштита на животната средина, заштита на културното наследство, заштитата и спасувањето, здравствената заштита, социјалната заштита, образованието, земјоделието, водостопанството, транспортот и врските, воздухопловството, безбедноста, јавните патишта и субјектите надлежни за изградба и одржување на сообраќајна, водоводна, канализациона, електроенергетска, телекомуникациска, топловодна и гасоводна инфраструктура, дека Градоначалникот на Општина Илинден донесе Решение за организирање

 

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

 

За Архитектонско урбанистички проект за формирање на ГП со намена Г2-лесна и незагадувачка индустрија   на  КП 376/2, 376/6, 377/1, 377/6, 377/7, 377/9, делови од КП 376/5 и 1638/1, КО Кадино, Општина Илинден

Јавната анкета за Архитектонско урбанистички проект за формирање на ГП со намена Г2-лесна и незагадувачка индустрија   на  КП 376/2, 376/6, 377/1, 377/6, 377/7, 377/9, делови од КП 376/5 и 1638/1, КО Кадино, Општина Илинден ќе се спроведе во електронска форма преку информациски систем е-урбанизам и со излагање на  предлог проектот  на јавно место во просториите на општина Илинден, во просториите на Дом на култура Илинден, Дом на култура Кадино  и на општинската интернет страница – www.ilinden.gov.mk 

Соопштението за организирање на јавна презентација и јавна анкета е објавено во јавните гласила и во информацискиот систем е-урбанизам.

Јавната анкета ќе трае 5 (пет) работни дена од 05.02.2019 година до 11.02.2019 година.

Јавната презентација ќе се одржи на 11.02.2019година (понеделник), со почеток во 13,00 часот во просториите на општина Илинден.

Во споменатиот рок, заинтересираните физички и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, субјектите кои ги вршат работите од областа на заштита на животната средина, заштита на културното наследство, заштита и спасувањетo, здравствената заштита, социјалната заштита, образованието, земјоделието, водостопанството, транспортот и врските, воздухопловството, безбедноста, јавните патишта и субјектите надлежни за изградба и одржување на сообраќајна, водоводна, канализациона, електроенергетска, телекомуникациска, топловодна и гасоводна инфраструктира можат да доставуваат забелешки и предлози на анкетни листови, во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма.

Горе споменатиот Архитектонско урбанистички проект е изработен од ЧИП ГРОУП ДООЕЛ – Скопје, со тех. број 10-04/18 од мај 2018  година.

 

Целта на изработка на Архитектонско урбанистичкиот проект: 

Цел на Архитектонско урбанистичкиот проект е формирање на  ГП со намена Г2 - лесна и незагадувачка индустрија, според Изводот од УПС Кадино со разработка на блок 2, 3, 12, 16, 17, 19 (плански период 2014-2024), со број 10-59/2 од 12.01.2018 година  и истиот треба да биде во согласност со Законот за просторно и урбанистичко планирање и Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање.

Предметниот проектен опфат се наоѓа во северниот дел од село Кадино, Општина Илинден, на катастарските парцели во КО Кадино и тоа: KП 376/2, 376/6, 377/1, 377/6,  377/7, 377/9, делови од КП 376/5 и КП 1638/1.

 

Границите на проектниот опфат се следни:

 На северо-запад поминува низ дел од КП 377/9, КП 377/1, КП 377/6, КП 377/7 и КП 376/6, по што продолжува по дел од границата со КП 376/5, KO Kадино

На северо-исток  се спушта по должината на КП 376/5, по што поминува низ дел од неа и продолжува по дел од границата со КП 376/2, КО Кадино

На југо-исток поминува низ дел од КП 1638/1, КО Кадино

На југо-запад се граничи со дел од КП 377/2, КО Кадино.

 

Пресечните точки на границата на проектниот опфат и координати се следни:

 

Ред. бр.                      X                                   Y

 

1.               7549927,5607                4648163,6905        

2.              7549924.5998                 4648158.8235

3.              7549924.8490                 4648158.6719                      

4.              7549905.3127                 4648122.5148                      

5.              7549903.7568                 4648119.1946                                  

6.              7549997.9656                 4648062.0134          

7.              7550000.5758                 4648070.4631

8.              7550003.6997                  4648080.3318

9.              7550009.4649                  4648098.9395

10.            7550015.1216                  4648117.4121

11.            7550020.8769                  4648136.1274

12.            7550020.9979                  4648136.5492

13.            7550016.6666                  4648139.4019

14.            7550018.3560                  4648141.9668

15.            7550008.6100                  4648149.1400

16.            7550001.4500                  4648154.3300

17.            7550001.3792                  4648154.2043

18.            7549949.7006                  4648192.2581

19.            7549946.2963                  4648192.9336

20.            7549934.4336                  4648180.4628

21.            7549929.4425                  4648167.1733

22.            7549927.5607                  4648163.6905         

 

 

Вкупната површина опфатена во рамките на опишаната граница на проектниот опфат изнесува 0,84 ha.

Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се подигнат во просториите на Општина Илинден, преку информацискиот систем e-urbanizam  и на општинската интернет страница.

 

ПРИЛОЗИ:

АНКЕТЕН ЛИСТ

ПОШИРОКА ОКОЛИНА НА ЕКОНОМСКА ЗОНА МАРИНО-КАДИНО И ДЕЛ ОД УПС КАДИНО  АУП  ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ГП СО НАМЕНА Г2-ЛЕСНА И НЕЗАГАДУВАЧКА ИНДУСТРИЈА НА КП 376/2, 376/6, 377/1, 377/6, 377/7, 377/9,     ДЕЛОВИ ОД КП 376/5  И 1638/1 КО КАДИНО, ОПШТИНА ИЛИНДЕН - КЛИКАЈ ТУКА

ПОШИРОКА ОКОЛИНА НА ЕКОНОМСКА ЗОНА МАРИНО-КАДИНО И ДЕЛ ОД УПС КАДИНО     АУП  ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ГП СО НАМЕНА Г2-ЛЕСНА И НЕЗАГАДУВАЧКА ИНДУСТРИЈА НА КП 376/2, 376/6, 377/1, 377/6, 377/7, 377/9,     ДЕЛОВИ ОД КП 376/5  И 1638/1 КО КАДИНО, ОПШТИНА ИЛИНДЕН - КЛИКАЈ ТУКА

УРБАНИСТИЧКО РЕШЕНИЕ НА ГРАДЕЖНА ПАРЦЕЛА - АУП ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ГП СО НАМЕНА Г2-ЛЕСНА И НЕЗАГАДУВАЧКА ИНДУСТРИЈА НА КП 376/2, 376/6, 377/1, 377/6, 377/7, 377/9,     ДЕЛОВИ ОД КП 376/5  И 1638/1 КО КАДИНО, ОПШТИНА ИЛИНДЕН  - КЛИКАЈ ТУКА

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Со концертот на групата NEXT TIME - одбележан денот на општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013