




ИЗВЕСТУВАЊЕ
Објавено на: 10.07.2018 - 09:57
Се известуваат граѓаните на општина Илинден дека поради изведување на градежните активности за изградба на автопатот Миладиновци-Свети Николе-Штип од градежните машини и од ископите се создава прашина која влијае директно на покачувањето на вредностите на ПМ 10 честичите измерени во мерната станица за следење на квалитетот на амбиентниот воздух во н.м. Миладиновци. Од страна на општина Илинден е известен Државниот инспекторат за транспорт за да се утврди дали јавните патишта се проектираат, градат и реконструираат согласно со својата намена, овозможувајќи безбеден и непречен сообраќај и заштита на животната средина, во согласност со законот и прописите за проектирање и градење и почитување на мерките за заштита на животната средина. |
LanguagesпребарувањеТеми во фокусот на вниманието
НастаниИзвестувања
ГалерииВидео
Континуирано инвестираме во подобар и поквалитетен живот за сите во општина Илинден
|
Остави коментар