Aнгажирани 30 невработени лица во Општина Илинден

Општина Илинден ангажираше 30 невработени лица од Агенцијата за вработување со што активно се вклучи во Проектот на Владата на Република Македонија за вработување евидентирани невработени лица.

Лицата вклучени во овој проект во наредниот период од 6 месеци се ангажирани во општина Илинден за уредување на јавните површини, паркови и зеленила, уредување на заштитните одводни канали покрај локалните патишта како и други активности поврзани со јавни работи.

Општина Илинден за ангажираните 30 лица обезбеди работни униформи, маици, соодветен алат и прибор за работа со кој ќе ги извршуваат работните активности.
Воедно од својот Буџет, Општина Илинден обезбеди дополнителни финансиски сретсва од 4.000 денари месечно за секое ангажирано лице покрај 7.600 денари кои ги доделува Агенцијата за вработување на Република Македонија.

Со реализација на овој проект ќе се допринесе за намалување на невработените лица во општина Илинден и водно ќе се подобри изгледот на јавните површини и патишта како и квалитетот на живеење во општината.


 

пребарување

ilinden.gov.mk © 2010