Изградба на фекална канализација за опфаќање и третман на отпадни води на тереторија на Општина Илинден

Општина Илинден во 2008 година отпочна со изградба на канализационен систем според проектот „Изградба на фекална канализација за опфаќање и третман на отпадни води на тереторија на Општина Илинден“.

Со изградбата на канализациониот систем за прифаќање и третман на отпадните води ќе се намали  можноста на штетни влијанија, на мешање на високите подземни води предизвикани од честите поплави со отпадните води од септичките јами, од индивдуалните домаќинста во Oпштината, а со тоа ќе се зголеми квалитетот на подземните води, водите во отворените одводни канали и квалитетот на почвата; и воедно ќе се подобри квалитетот на животот на граѓаните на Општина Илинден.

Канализациониот систем е поделен на помали сегменти, кои можат независно да бидат изградени и да функционират. Секој сегмент содржува и пречистителна станица кои претставуваат воведување на нова технологија во прочистувањето на отпадните фекални води.


 

пребарување

ilinden.gov.mk © 2009