Prijavi problem

Усвоен е Буџетот на Општина Илинден за 2020 година

Објавено на: 27.12.2019 - 13:45

Усвоен е Буџетот на Општина Илинден за 2020 година, во вкупна вредност од 395.804.000 денари, или приближно 6,5 милиони евра.

Буџетот е креиран врз основа на анализата на буџетите за минатите години и планираните реални приходи за 2020 година кои се земени како основа во проектирањето на Буџетот кој е со развојна компонента при што е применет партиципативниот принцип на буџетирање, како и следење на реалните потреби и барања на локалната заедница при дефинирање на програмите за развој.

Советот на Општина Илинден на својата 30-та редовна седница го донесе Буџет за 2020 година со вкупен износ од 395.804.000 денари, кој според структурата на планираните приходи,  54%  од вкупниот буџет односно 214.030.000 денари се сопствени извори на финансирање, 44 % односно 172.939.000 денари се трансфери и дотации од Буџетот на РМ и од буџетите на фондовите и 2% односно 8.835.000 денари се донации.

Посебен акцент во основниот буџет во износ од 233.736.000 денари  е ставен на капитални расходи кои заземаат 60% од планираните средства во основниот буџет.

Значителен дел од капиталните расходи во износ од 57.588.000,00 денари се планирани за подобрување на патната инфраструктура, односно (изградба, реконструкција, санација и рехабилитација на локалната патна инфраструктура), подобрување на инфраструктурата во локалните економски зони и одржување на постојната патна инфраструктура.

Исто така голем дел од капитални расходи односно 53.256.000,00 денари се планирани во делот на заштита на животната средина за:

-  изградба на фекална канализација и пречистителни станици ,

-  чистење на одводни канали и речни корита,

- оржување чистота на јавни површини,

- одржување, уредување и проширување на јавни зелени површини и пошумување.

Во делот на згрижување на деца од предучилишна возраст, планирани се 25.220.000,00 денари за изградба на нова детска градинка во Миладиновци, која се предвидува да отпочне со работа во септември 2020 година.

Со цел поголема транспарентност и вклученост на граѓаните во рамките на подготвувањето на Буџетот за 2020 година, како и во изминатите години општина Илинден организираше Буџетски форум на кој граѓаните преку посочување на приоритетни проекти и активности, директно учествуваа во креирањето на Буџетот.

Во развојните планови и програми на Општина Илинден предвидено е за дел од планираните капитални проекти, за чија што реализација е потребен подолг временски период од неколку години, како и поголеми финансиски средства кои што го надминуваат годишниот буџет, да аплицира до повеќе домашни, и странски финасиски институции за обезбедување на дополнителни средства преку грантови и донации за реализирање на овие проекти.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Граѓаните на општина Илилнден активно вклучени во креирањето на буџетот за 2020 година
ilinden.gov.mk © 2013