Prijavi problem

Свечено отворање на холандската фабрика за работна и заштитна облека „ВПТЕКС Македонија“ во Општина Илинден

Објавено на: 16.10.2013 - 09:59

Денес, 16.10.2013 година (среда) во 14.30 часот во Општина Илинден на свечен начин ќе биде предадена во употребаФабриката за производство на работна и заштитна облека „ВПТЕКС Македонија“, на холандската компанија Van Puijenbroek Textiel.

Холандската компанија почна да ја реализира својата инвестиција во Македонија, вредна два милиони евра, во септември 2012 кога беше поставен камен-темелникот во присуство на премиерот Никола Груевски, холандската амбасадорка Мариет Шурман, членови на Владата и градоначалникот на Општина Илинден Жика Стојановски. „ВПТЕКС Македонија“ има 50 вработени, а нивниот број ќе биде зголемен на сто од 1 ноември со воведување втора производствена линија. Во првиот квартал на 2014 година ќе следува и трета линија.

Van Puijenbroek Textiel има лидерска улога на меѓународниот пазар за професионална индустриска и заштитна облека од висококвалитетни материјали со традиција долга речиси 150 години.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Со концертот на групата NEXT TIME - одбележан денот на општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013