Prijavi problem

Спортски викенд „Илинден 2019“

Објавено на: 26.07.2019 - 14:01

 

Во рамките на одбележувањето на патрониот празник на Општина Илинден "Илинден 2-ри Август“ и националниот празник на македонскиот народ, на 27 јули (сабота) и 28 јули (недела) 2019 година, ќе се одржи Спортски викенд „Илинден 2019“.

На оваа традиционална спортска манифестација која што се реализира по 11-ти пат се очекува да учествуваат над 700 спортисти кои ќе се натпреваруваат во повеќе спортови: велосипедизам, шах, атлетика-трчање,  тенис, баскет и голем фудбал.

Централен настан ќе биде традиционалната професионална велосипедска трка во должина од 100 километри „Трофеј Илинден 2019”, која што е влезена во календарот на велосипедски трки на Велосипедската федерација на Македонија и се бодува за купот на нашата земја. И оваа година „Трофеј Илинден 2019” ќе има интернационален карактер бидејќи се очекува да учествуваат над 70-на велосипедисти од неколку држави, кои ќе се натпреваруваат во повеќе категории: сениори, мастерс, кадети, јуниори, жени, У15 и У13.

Стартот на трката е закажан за 27 јули (сабота) во 16:00 часот пред Спортската сала „Гоце Делчев“, каде што ќе биде и целта. Патеката е кружна, ќе се возат 4 круга низ населените места на Општина Илинден: Илинден, Марино, Ајватовци, Мршевци, Дељадровци, Текија, Миладиновци и Кадино, при што должината на еден круг е 25 километри.

Како вовед во професионалната трка ќе се одржи велосипедска трка за рекреативци во должина од 5 километри, на која можат да учествуваат сите заинтересирани граѓани, независно од нивната возраст.

Натпреварите во атлетика-трчање на кои ќе настапат над 200 ученици и младинци во трките на 50, 150, 300, 600, 800 и 1500 метри, ќе се одржат на пешачко-велосипедската патека Марино-Кадино.

На турнирот во шах што ќе се одржи во Домот на култура „Илинден“, а се реализира во соработка со Шаховската федерација на Македонија ќе учествуваат 40 шахисти.

На тенискиот турнир ќе настапат 16 тенисери, додека на натпреварите во баскет во Спортскиот центар „Марино“ ќе учествуваат 10 екипи.

Во рамките на Спортскиот викенд „Илинден 2019“ на фудбалското игралиште во Марино ќе се одигра фудбалски натпревар меѓу екипите на новиот второлигаш Кадино и Пелистер од Битола.

Покровителот на оваа традиционална манифестација, градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, на најдобрите екипи и поединци ќе им додели соодветни награди, маици, пехари и медали.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Заврши литературната манифестација Илинден 2019
ilinden.gov.mk © 2013