Prijavi problem

Потпишан договор за реализација на проектот „Рехабилитација на локален пат Кадино-клучка автопат А4“

Објавено на: 05.09.2018 - 12:37

Општина Илинден во соработка со Министерството за финансии и канцеларијата на Светска банка во Република Македонија, во рамки на Проектот за подобрување на општински услуги (МСИП), потпишаа договор за реализација на проектот „Рехабилитација на локален пат Кадино-клучка автопат А4“ во вкупна вредност од 29.416.514 денари.

Со проектните активности ќе се изврши целосна реконструкција на локалниот пат од излезот на населеното место Кадино до поврзување со автопатот А4 во должина од 1.600 метри, вклучувајќи реконструкција на 2 мостови и 1 цеват пропуст.

Овој локален пат е од големо значење за општината бидејќи претставува влез во општината Илинден и главната врска со автопатот А4, Коридор Скопје-Атина и поврзување со регионалниот пат Р-103.

Со реконструкцијата на овој фрекфентен патен правец се подобрува безбедноста во сообраќајот во овој дел од Општината, и се овозможува побрза и побезбедна комуникација.

Безбедноста на учесниците во сообраќајот е еден од приоритетите во работењето на Општина Илинден, поради што континуирано се инвестира во изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локални улици и патишта.

Догововорот за одобрување средстава на Општина Илинден го потпишаа Градоначалникот на општина Илинден Жика Стојановски, Министертот за финансии Драган Тевдовски, Директорот на канцеларијата на Светска банка во Република Македонија Марко Мантованели.

Покрај општина Илинден дополнително уште 5 општини (Бутел, Студеничани, Центар Жупа, Кавадарци и Желино ) добија средстава за реализација на инвестициони проекти.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Континуирано инвестираме во подобар и поквалитетен живот за сите во општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013