Prijavi problem

Отпочна со изградба новата детска градинка во Миладиновци

Објавено на: 25.12.2019 - 15:48

Општина Илинден во соработка со Министерството за труд и социјална политика отпочна со реализација на проектот за изградба на нова детска градинка во населеното место Миладиновци.

Почетокот на градежните работи за изградбата на новата детска градинка официјално го означија Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и Градоначалникот на Општина Илинден Жика Стојановски.

Вкупната вредност на инвестиција изнесува 30 милиони денари, од Буџетот на Општина Илинден се обезбедени 24 милиони денари и 6 милиони денари од Министерството за труд и социјална политика.

Особена чест и задоволство ми претставува што денес отпочнуваме со реализација на проектот за изградба на нова детска градинка во населено место Миладиновци, која ќе се простира на површина од 540 метри квадратни со капацитет за згрижување на 90 деца.

Во овој капитален објект ќе се згрижуваат дечиња на возраст од 2  до 6 години, како и деца на возраст од 9 месеци до 2 години односно ќе се воведат јасли за најмладите.

За имплементација на вакви големи инвестициони проекти неопходна е соработката помеѓу централната власт односно надлежното министерство и локалната самоуправа, бидејќи така може се реализираат активности кои се неопходни за граѓаните.    

Општина Илинден во рамки на своите надлежности, продолжува со реализација на концептот за изградба на објекти од јавен карактер, во делот на згрижување на деца од предучилишна возраст истакна градоначалникот Стојановски.

Новата детска градинка е лоцирана  веднаш до Централното општинско основно училиште „Браќа Миладиновци“ и новоизградената амбуланта во населено место Миладиновци, и се  се планира да отпочне со работа кон крајот на 2020 година, со што ќе се создадат услови за згрижување на најмладите од околните населени места каде вкупно живеат приближно 4000 жители.

Овој проект дополнително ќе овозможи да се ослободи простор во веќе посточката детска градина „Гоце Делчев“ која е со капацитет од 450 деца на возрасат од 2 до 6 години, и ќе создадат услови за згрижување на деца од најмалата возраст (од 9 месеци до 2 години) и воведување на јасли и во оваа детска градинка.

Токму во таа насока од 2009 година со изградбата на детската градинка Гоце Делчев која беше со почетен капацитет од 60 дечиња, со надградбата, проширувањата и нов објект во Миладиновци, се создадени услови за згрижување вкупно 540 дечиња од предучилишна возраст во Општина Илинден.

Министерката Мила Царовска воедно ја посети и постоечката детска градинка Гоце Делчев каде се запозна со условите и работењето на градинката кој е една од најголемите детски градинки.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Граѓаните на општина Илилнден активно вклучени во креирањето на буџетот за 2020 година
ilinden.gov.mk © 2013