Prijavi problem

Општина Илинден успешно ги имплементираше барања на новиот стандард ISO 9001:2015

Објавено на: 21.02.2018 - 10:15

Во насока на имплементирање на ефикасни јавни услуги за потребите на граѓаните и стопанството, општина Илинден успешно ги имплементираше новите барања и ја спроведе целосно транзицијата од стандардот ISO 9001:2008 во стандардот ISO 9001:2015, кој што е продолжен до 30.11.2019 година.

 Тоа го потврди и ресертификационата проверка за функционирањето на примената на барањата од стандардот ISO 9001:2015 во секојдневното работење на општинската администрација, спроведена од страната на претставник од Словенечкиот институт за квалитет и методологија –SIQ при што беше констатирано дека системот е имплементиран и се надградува со функционирањето и развојот на Општина Илинден.

Подобрувањето на квалитетот во управувањето е една од главните карактеристики на општина Илинден во изминатите години. Не случајно е една од првите општини во нашата земја што се здобија со меѓународен сертификат за имплементација на Системот за менаџмент за квалитет во делот на извршување на услуги во надлежност на локалната самоуправа.

Овој меѓународен сертификат за имплементација на Системот за менаџмент за квалитет се однесува во делот на извршување на услуги во надлежност на локалната самоуправа, што Општина Илинде за прв пат го доби на 28 јули 2010 година.

Со имплементирањето на меѓународниот ISO стандард во работењето на Општината, што е продолжен до 2019 година, се овозможи создавање на современа и комплетна инфраструктура и ефикасни јавни услуги за потребите на јавниот и приватниот сектор.

Имплементирање на ISO стандардот во работењето на Општина Илинден овозможи идентификување и навремено реализирање на потребите и очекувањата на граѓаните, со што на ефективен и ефикасен начин се реализираат, одржуваат и подобруваат општите перформанси и можности за одржлив развој на општината.

Истовремено, се овозможи зајакнување и промовирање на релациите на партнерства меѓу јавниот и приватниот сектор, искористување на локалните ресурси, како и развивање на образованието, културата, спортот и заштитата на животната средина во насока на подобрување на квалитетот на живеење во Општината.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Свечено одбележан Денот на општина Илинден "Илинден 2-ри Август“
ilinden.gov.mk © 2013