




Доделено признанието „Клуч од Општината“
Објавено на: 27.07.2018 - 11:21
По повод Денот на општина Илинден "Илинден 2-ри Август“ Советот на општина Илинден одржа свечена седница на која беше доделено нововостановеното признание „Клуч од Општината“. Ова признание се доделува на правни и физички лица кои со својата поддршка на локалната самоуправа придонеле за побрз развој на Општината во спроведувањето на нејзините планови и активности за овозможување подобри услови за живеење, подобрување на животниот стандард и квалитетот на животот на граѓаните на општина Илинден. Добитници на ова престижно признание „Клуч од Општината“ што го додели градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски се Друштвото за меѓународен транспорт и шпедиција „Дени интернационал“ и Момчило Николовски. |
LanguagesпребарувањеТеми во фокусот на вниманието
НастаниИзвестувања
ГалерииВидео
Континуирано инвестираме во подобар и поквалитетен живот за сите во општина Илинден
|
Остави коментар