Prijavi problem

Во Домот на култура „Илинден“ отворена изложба на слики во рамките на проектот „Уметничка меѓународна група со пријателите“

Published on: 20.08.2019 - 18:35

Во галеријата на Домот на култура „Илинден“ во присуство на повеќемина љубители на уметноста отворена е меѓународна изложба на слики што се реализира во рамките на проектот „Уметничка меѓународна група со пријателите“.

За значењето на изложбата на која се застапени 15 уметници од Велика Британија, Русија, Бугарија, Кореја, Романија и нашата земја говореа сликарката од Русија, Олга Панкина и академските сликари од нашата земја Стефан Хаџи Николов и Новица Трајковски, а честа да ја отвори оваа изложба што не се случува секој ден, ја имаше градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски.

Тој го искажа своето огромно задоволство што Општина Илинден е домаќин на „Уметничка меѓународна група со пријателите“, не криејќи го воодушевувањето што во галеријата на Домот на култура „Илинден“ се изложени многу вредни дела создадени од врвни уметници од повеќе земји. Тој ја искористи можноста да им се заблагодари на авторите, истакнувајќи дека со самото присуство на нивните дела во Домот на култра „Илуинден“ даваат значаен придонес за развојот на културата и посебно уметноста во Општина Илинден, уверен дека ова ќе ја поттикне љубовта кон уметноста на многу млади луѓе.

Посетителите на изложбата што ќе биде отворена до средината на месец септември ќе имаат можност да уживаат во 40-на дела на авторите Светлана Еланцева, Светлана Соло Орлова, Олга Панкина, Габриеле Смоларз, Стефан Хаџи Николов, Новица Трајковски, Душан Коцев, Павлина Копана Маркова Боботанова, Тудор Сербанеску, Маргарита Григорова, Светлозар Недев, Алексеј Шеболдаев, Гајане Доброволскаја, Фјодор Сукхинин и Клеменс Беунгкун.

Како што ни изјави Новица Трајковски, проектот „Уметничка меѓународна група со пријателите“ е насочен и кон најмладите, па по примерот на возрасните организирана  е и детска „Уметничка меѓународна група со пријателите“, која во февруари идната година во Москва ќе одржи своевиден фестивал под мотото „Светот без војна“. Ова, всушност ќе биде и темата на која што ќе можат да создаваат и учениците од Општина Илинден, за кои е предвидена посебна изложба по тој повод во Домот на култура „Илинден“. Според зборовите на Олга Панкина веќе е договорено најдобрите 10 дела од оваа изложба да учествуваат на изложбата во Москва, што е голем мотив за учениците од Општина Илинден кои ја сакаат уметноста и сакаат да се занимаваат со неа да бидат претставени и во меѓународни рамки.  

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Граѓаните на општина Илилнден активно вклучени во креирањето на буџетот за 2020 година
ilinden.gov.mk © 2013