Prijavi problem

Со традиционална Априлијада одбележан Денот на шегата

Published on: 01.04.2019 - 19:12

 

Во весела атмосфера исполнета со многу смеа, песна, аплаузи и детски џагор, во Спортската сала „Гоце Делчев“ се одржа традиционалната Априлијада. Учениците од основните училишта „Браќа Миладиновци“, „Гоце Делчев“ и „Ристо Крле“, како и дечињата од градинката „Гоце Делчев“ под маски го одбележаа Светскиот ден на шегата 1-ви Април.

Пчелички, пеперутки, принцези, спајдермени, бетмени, роботи, полицајци, пирати... ликови од детските приказни, беа само дел од многубројните маски, плод на бујната детска фантазија и иновативност. Свој придонес во веселата атмосфера во Спортската сала „Гоце Делчев“ даде и кловнот Бади, измамувајќи бројни аплаузи.

И на оваа 13-та традиционална Априлијада најдобрите маски од трите училишта и од градинката беа наградени со соодветни награди.

 

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Инвестициските патишта водат кон општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013