Prijavi problem

Градинката „Гоце Делчев“ по четврти пат Еко градинка

Published on: 26.11.2018 - 15:51

Детската градинка „Гоце Делчев“ по четврти пат во континуитет е добитник на интернационалното признание Еко градинка на највисоко ниво - зелено знаме. Со добивање на зеленото знаме, градинката  се стекна со право да аплицира за финансиска поддршка за еко проект. Градинката ќе  подготви проект со кој ќе аплицира за мал грант, одобрен од Програмата за мали грантови за еко градинки, финансирани од Европска Унија.

Огранизацијата ОХО на градинката и додели зелено знаме додека вработените вклучени во проектот примија сертификати, како признанија за успешна реализација на проектот.По повод добивањето на зеленото знаме, градинката организираше мала забава за дечињата, како главни учесници во еко активностите.

Еко градинка е градинка која ја усвоила заштитата на животната средина како една од основните вредности за управување и раководење. Градинката, покрај тоа што ги воспитува и едуцира децата на темата заштита на животната средина, ги едуцира и сите вработени во институцијата и пошироката заедница. Еко градинката, теоретското знаење го применува во пракса и при управувањето и раководењето ја зема предвид состојбата и иднината на животната средина

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Со концертот на групата NEXT TIME - одбележан денот на општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013