Образование

Во општина Илинден постојат 3 основни централни училишта и 5 основни подрачни училишта. Дополнително, општина Илинден во 2005 година  го формираше „Културен и Едукативен Центар Илинден“ каде што им се дава можност на учениците за дополнително и доброволно образование.

Курсевите се бесплатни и финансирани од Буџетот на општината и е уникатен во Република Македонија!
Учениц

ите од 1-4 одделение имаат во Културниот Едукативен Центар можност на дополнителни часови по странски јазици (англиски, германски, шпански и италијански) и по гитара и уметност.

Во учебната 2009 година Центарот дополнително ќе понуди часови по модерен балет и традиционален фолклор.

ОУ Гоце Делчев – н.м. Илинден


1.069 ученици
Директор: Александер Митревски

Телефон: 02/2571 265
ougocedelcevilinden@yahoo.com

Подрачно училиште: Марино

ОУ Ристо Крле – н.м. Кадино

333 ученици
Директор: Голупка Давиткова

Телефон: 02/2561 540
ristokrle_ou@yahoo.com

Подрачни училишта: Мралино и Бунарџик

ОУ Браќа Миладиновци – н.м. Миладиновци

591 ученици
Директор: Невена Бошковска

Телефон: 02/2577 709
brmiladinovci@yahoo.com

Подрачни училишта: Текија и Мршевци

пребарување

ilinden.gov.mk © 2010