




Асфалтирани три улици во Марино
Published on: 04.10.2011 - 09:47
Согласно Програмата за санација и реконструкција на локалните патишта и улици, Општина Илинден изврши асфалтирање на улиците „502“ „504“ и „505“ во населеното место Марино, кои беа претходно раскопани заради поставувањето на приклучоци за фекалната канализација во ова населено место. На овие три улици, како и на претходно асфалтираните “503“, “506“, “507“, “508“, “509“ и “510“, кои исто така беа раскопани по поставувањето на фекалната канализација, покрај асфалтирањето поставени се и каналети за одведување на атмосферската вода. Со реализацијата на овој капитален проект за граѓаните од најгусто населениот дел од Општина Илинден, односно со асфалтирањето на овие улици чија вкупна должина изнесува 2.300 метри, значително се подобруваат условите за живот на жителите од ова населено место, кои што имаат подобра и побезбедна комуникација. ![]() ![]() |
LanguagesпребарувањеТеми во фокусот на вниманиетоNews
ReportingГалерииВидео
Континуирано инвестираме во подобар и поквалитетен живот за сите во општина Илинден
|
Post new comment