Prijavi problem

Свечено отворен Домот на културата во Бујковци

Published on: 22.07.2011 - 13:46

Во населеното место Бујковци на свечен начин беше предаден во употреба реконструираниот Дом на културата. Во присуство на поголем број граѓани обновениот Дом на културата го отвори градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски

Санирањето и обновувањето на Домот на културата во Бујковци е дел од капиталниот проект на Општина Илинден “10 Домови на културата“. Во рамките на овој проект веќе се комплетно реконструирани и предадени во употреба домовите на културата во населените места Кадино, Мршевци и Бучинци. Во тек е изградбата на Новиот Дом на културата во населба Илинден, а при крај е и реконструкцијата на Домот на културата во населеното место Текија.

Домот на културата во Бујковци, со површина од 132 метри квадратни, чија реконструкција чинеше 2,2 милиона денари, е изграден во шеесеттите години на минатиот век, а неговото неодржување придoнесе да ја загуби првобитната намена.

Со неговото обновување граѓаните добиваат простории каде што имаат услови да реализираат голем број на активности, меѓусебно да се дружат, да организираат разни средби и состаноци... Домот на културата ќе може да го користи месната заедница, здруженијата на пензионери, на жени, на младинци, спортските друштва, односно сите граѓани што ќе имаат потреба за тоа.

Покрај реконструирањето, Домот на културата во населеното место Бујковци ќе биде и комплетно опремен, а Општина Илинден истовремено ја презема и обврската за подмирување на тековните трошоци.

 

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Водици 2017 во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013