Prijavi problem

Реконструкција на домовите на културaта

Published on: 29.04.2011 - 09:28

Општина Илинден продолжува со реализација на капиталниот проект “10 Домови на културата“, во рамките на кој, покрај изградбата на новиот Дом на културата во населеното место Илинден е опфатено и реконструирањето, санирањето и опремувањето на девет домови на културата во другите населени места. 

Градоначалникот Жика Стојановски заедно со претсатвници од Делегацијата на Европската Унија и локални жители го посетија градилиштето со цел од прва рака да се запознаат со интензитетот на изградбата на новиот Дом на културата во населба Илинден. Притоа, можеа да се уверат дека комплетните градежни работи се одвиваат според предвидената динамика, така што до крајот на годината жителите на Илинден ќе добијат Дом на културата граден по сите светски стандарди.  

Партнери во реализацијата на целиот овој проект вреден 450.000 евра се Општина Илинден и Европската Унија која одвои 200.000 евра, средства добиени од проектот  “Награди на општините“. Преостанатите 250.000 евра се обезбедени од Буџетот на Општина Илинден. 

Во тек се градежните работи на санација и реконструкција и на домовите на културата во населените места Бујковци, Мршевци, Кадино и Бучинци, а веќе е избрана и фирмата изведувач што треба да го реконструира и Домот на културата во населеното место Текија.

Домовите на културата ќе можат да ги користат месните заедници, невладините организации, здруженијата на пензионери, здруженијата на жени, на младинци, спортски друштва...Со нивното оспособување ќе се обезбедат поволни услови за развој и унапредување на културата, како и подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните на Општина Илинден. 

 
 

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Спортски викенд „Илинден 2017“
ilinden.gov.mk © 2013