



СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКЦИЈАТА "ДАРУВАЈ КРВ - БИДИ ХУМАН"Општина Илинден под мотото "ДАРУВАЈ КРВ - БИДИ ХУМАН" утре 23.02.2010 година (вторник) во соработка со Републичкиот Завод за Трансфузиологија ја спроведува акцијата за дарување на крв. Оваа акција која се организира традиционално секоја година, ќе се одржи во просториите на општина Илинден во периодот од 09.00 до 1400 часот. Во текот на акцијата за дарување на крв активно ќе се вклучат сите заитересирани граѓани и деловни субјекти на територија на Општина Илинден како и вработени во општинската администрација, и во Јавното Комунално Претпријатие Илинден. На овој начин со спроведување на акцијата за дарување на крв, граѓаните од општина Илинден уште еднаш допринесуваат и ја потврдуваат својата хуманост и желбата за да се дарува драгоцената течност што значи живот. |
LanguagesпребарувањеNews
Reporting |
Post new comment