Prijavi problem

За прв пат се воведува средно образование во Општина Илинден

Published on: 30.08.2013 - 12:21

Стартот на новата учебна година во Општина Илинден ќе биде одбележан со уште еден голем успех во областа на образованието. Благодарејќи на изградбата на новото модуларно училиште, а како плод на успешната соработка со Владата на Република Македонија и Министерството за образование и наука, во Општина Илинден за прв пат се воведува средно образование. Средното образование се воведува со две паралелки за електротехничка струка и за информатика, комуникациска технологија и автоматика, со запишани 63 ученици. Модуларното училиште претставува високо енергетско-ефикасен објект, со иновативен пристап и воведени нови технологии и еколошки материјали, греење и ладење со алтернативни извори на енергија, со искористување на топлинската енергија од подземните води. Новото средно стручно училиште располага со модерна лабораторија по ИКТ опремена со моќна информатичка опрема. 

Изборот на насоките што се реализираат во новото средно училиште е резултат на успешната соработка на локалната самоуправа, Министерството за образование и наука и бизнис секторот во Општината. По сеопфатната анализа за потребите од соодветни кадри за стопанството во Општината произлезе изборот на средното училиште кое ќе профилира кадри кои што веднаш по завршувањето ќе бидат оспособени да се вклучат во производствените процеси. Оваа практика од поодамна позната во светот, за прв пат во нашата земја се применува токму во Општина Илинден, благодарејќи пред се на добрата соработка на локалната самоуправа со бизнис заедницата.

Истовремено и трите основни училишта на подрачјето на Општина Илинден, подготвено ја пречекуваат новата учебна година. Летните месеци беа максимално искористени за реновирање на училишните простори со единствена цел на учениците да им се овозможат максимални услови за следење на наставата. Годинава, градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски со пригодни подароци добредојде во училишните клупи ќе им посака на 193 првачиња.

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Водици 2017 во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013