



Настани06.02.2012 |
“На кафе со нашиот Градоначалник“ во Мршевци30.01.2012 |
Свечено пуштени во употреба новоизградените четири тениски терени во Општина Илинден
Во присуство на поголем број граѓани, во Општина Илинден на свечен начин беа пуштени во употреба новоизградените четири тениски игралишта. Тениските терени во употреба ги предадоа Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, Градоначалникот на Општина Илинден, г-дин Жика Стојановски и Директорот на Агенцијата за млади и спорт, г-дин Лазар Поповски. 30.01.2012 |
“На кафе со нашиот Градоначалник“ во КадиноРеализацијата на Проектот “На кафе со нашиот Градоначалник“ продолжи во населено место Кадино. Повеќемина граѓани имаа можност на кафе-средбата со градоначалникот Жика Стојановски, во неврзан разговор да се информираат за актуелните случувања во Општината, но и да дадат свои идеи и мислења за она што треба да се направи во нивното населено место, за да се обезбеди што поквалитетен живот. 26.01.2012 |
Жителите на Бујковци “На кафе со нашиот Градоначалник“
Реализацијата на Проектот на Општина Илинден “На кафе со нашиот Градоначалник“, по населеното место Бучинци, продолжи во н.м. Бујковци. Во реконструираниот Дом на културата во ова населено место Градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски имаше кафе-средба со повеќе жители, на која во пријатна атмосфера и неврзан разговор беа разменети мислења за актуелните состојби во Општината и посебно во ова населено место. 25.01.2012 |
“На кафе со нашиот Градоначалник“20.01.2012 |
Марио Димитријевски најсреќен меѓу 58 верници што скокнаа по Богојавленскиот крст за Водици во Општина Илинден
Шеснаесетгодишниот Марио Димитријевски беше најсреќниот меѓу 58 верници кои скокнаа по Богојавленскиот крст, што за големиот христијански празник Водици беше фрлен во водите на езерото на хотелот Бест Вестерн Белви, во Општина Илинден. Оваа манифестација традиционално по четврти ја организираше Општина Илинден во соработка со свештениците од црквата “Свети Константин и Елена“. |
LanguagesпребарувањеNews
Reporting |