
Еден од главните приоритети кој го идентификуваа граѓаните на општина Илинден е изградба на Дом на Култура кој е зацртан во Стратешкиот план за Локален Економски Развој 2006-2011 со рок на изградба во текот на 2009 г.
Мислењата и ставовите на граѓаните за реализација на овој проект се искажани преку јавна анкета, ликовна изложба на деца од ОУ Гоце Делчев на тема „Moјот Дом на култура“.
Со реализирање на проектот ќе се изврши изградба на Дом на Клутура „Илинден“ со површина од 897 м². Овој објект е планиран да функционира како повеќенаменски, односно да задоволи повеќе потреби на граѓаните на општина Илинден. Домот на култура „Илинден“ е организиран на приземје и два ката и ги има следните содржини: мултифункционален простор за организирање на изложби, фоаје, повеќенаменски простор за кино и театарски престави, конгреси и собири со капацитет за 142 посетители, библиотека со сала за семинари, конференции и канцеларии.
Изградбата на Културниот дом ќе овозможи елементарни услови за развој и унапредување на културата и културните настани како и подобрување на условите за живеење на граѓаните на општина Илинден.
Со изградбата на новиот Дом на култура и неговото пуштање во употреба, се создаваат услови за одржлив економски развој, отварање на нови работни места и поволна клима за потик и развој на културните и социјалните аспирации на граѓаните, создавње на простор за работа на невладини и други граѓански здруженија, простор за одржување на традиционалните Меѓународни литературни средби кои веќе 10 години се одржуваат во несоодветен простор за таа намена.
Понатаму се овозможуваат услови за правилно функционирање на Културно Едукативниот Центар Илинден кој работи веќе 4 години во кој се посетуваат бесплатни курсеви по странски јазици,уметност и гитара над 600 ученици до 15 години.
Во кино салата како и во просторот за одржување на изложби се создава можност за промовирање и запознавање со културата и фолклорот на малцинствата во општината, можност за дружење и средби на здруженија на жените и други организации.
Домот на култура Илинден како единствен објект од овој тип во населбата ќе овозможи повеќе културни настани во кои ќе бидат вклучени децата и младинците, преку работа во разни секции, културни катчиња, изложби и други перформанси.
Во општина Илинден постојат повеќе ликовни, театерски и драмски групи и здруженија, фолклорни играорни групи кои немаат просторни можности за нивните активности.
Со мултифункционалниот карактер на објектот ќе се овозможат соодветни услови.