Prijavi problem

Јубилејната 20-та Литературна манифестација „Илинден“ цела седмица беше центар на балканската поезија

Published on: 20.05.2019 - 13:08

 

Почна со стихови на Кочо Рацин во Домот на култура „Илинден“, а заврши во велелепниот амбиент на манастирскиот комплекс „Свети Ѓорѓија“ во Дељадровци,  со стихови на Раде Силјан, Гане Тодоровски и Матеја Матевски, интерпретирани од еден од најдобрите македонски рецитатори Антонио Павловски. Со ова успешно заврши 20-та јубилејна Литературна манифестација „Илинден“.

 

Последниот дел од манифестацијата на писателите им беа презентирани  знаменитостите на Општина Илинден, а се заврши со дружба во манастирскиот комплекс „Свети Ѓорѓија“, каде стиховите испеани од поетите зрачеа со посебна убавина.

Искажувајќи благодарност до Општина Илинден и посебно до градоначалникот Жика Стојановски, писателите беа единствени дека оваа јубилејна 20-та Литературна манифестација „Илинден“ беше една од најуспешните досега. Во прилог на ова одат и зборовите на еден од највозрасните учесници на манифестацијата, а воедно и еден од најпознатите писатели во регионот, Сретен Перовиќ, од Црна Гора.

- Денес во светот имаме доста фестивали на поезијата, но вака пријатно, вака интимно дружење какво што имавме деновиве тука не се наоѓа баш на другите фестивали. Затоа, би сакал да му се заблагодарам на градоначалникот Жика Стојановски на оваа убава и значајна манифестација која ја унапреди не само македонската литература и култура  туку ја поврза Македонија со автори кои во своите земји претставуваат значајни и големи поети, изјави Перовиќ.

Градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, уште еднаш  ја искористи можноста да им се заблагодари на сите учесници на манифестацијата, на писателите, на поетите, на уметниците, на сите оние кои што придонесоа на вака величествен начин да се реализира јубилејното 20-то издание на Литературната манифестација „Илинден“, преку кое Општина Илинден цела седмица беше центар на балканската поезија.

Годинешната Литературна манифестација „Илинден 2019“ ќе биде запаметена не само по стиховите за душа што беа отпеани на централниот настан, поетскиот митинг „Стихови за душата“, туку и по рекордниот број на учесници и настани што беа реализирани за време на Деновите на книгата во Општина Илинден. На љубителите на литературата им се претставија над 70 писатели и поети од земјата и регионот, при што имаа можност да уживаат и во уметничките дела на нашиот истакнат сликар Стефан Хаџи Николов, како и песните на Драган Мијалковски и музиката на Пламенка Трајковска. 

Оваа денес престижна и препознатлива манифестација, уште еднаш ја оствари својата цел за која всушност и беше создадена пред 20 години  - интензивирање и промовирање на современите културни достигнувања и приближување на пишаниот збор до што поголем број читатели.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Теми во фокусот на вниманието

Видео

Заврши литературната манифестација Илинден 2019
ilinden.gov.mk © 2013