Prijavi problem

Почнува јубилејната 20-та Литературна манифестација „Илинден 2019“

Published on: 14.05.2019 - 06:26

 

Денес, со почеток во 19:00 во Домот на култура „Илинден“ на свечен начин ќе биде отворена 20-та јубилејна Литературна манифестација „Илинден 2019“ која ќе трае до 18 мај. Манифестацијата ќе ја отвори нејзиниот покровител, градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски.

Веднаш по отворањето, по повод 80-ет годишнината од излегувањето на „Бели мугри“ од Кочо Рацин, оваа антологиска стихозбирка ќе биде промовирана на десет словенски јазици.  Беседа за авторот и за ова вонсериско ремек дело ќе одржи проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска.

Во рамките на манифестацијата во Домот на култура „Илинден“ од 14 до 18 мај, под мотото „Денови на книгата“ ќе се одржи саем на книгата, каде што љубителите на литературата ќе можат да се запознаат со најновите изданија и да најдат богат избор на книги.

Општина Илинден организира превоз за сите оние што сакаат да присуствуваат на овој култураен настан. Од Порта Македонија, во центарот на Скопје, автобусот ќе појде во 18:00 часот, ќе ги превезе посетителите на Манифестацијата до Општина Илинден и ќе ги врати кога ќе заврши настанот.

Во рамките на Литературната манифестација „Илинден 2019“ ќе се одржат повеќе културни настани, портрети и промоции на книги на реномирани писатели, како и млади автори, чествувања, изложба, литературно матине за деца со настап на писатели за деца и млади, како и музички колажи со познати музички ѕвезди. Централен настан манифестацијата е поетскиот митинг „Стихови за душата“ што ќе се одржи на 17 мај со почеток во 19:00 часот.

Влезот за сите настани е слободен.

 

ПРОГРАМА - Литературна манифестација „Илинден 2019“

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Теми во фокусот на вниманието

Видео

Инвестициските патишта водат кон општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013