Prijavi problem

Отворена изложба на цртежи на Васе Костовски, во Домот на култура „Марино“

Published on: 17.07.2018 - 14:13

 

 

Во галеријата на Домот на култура „Марино“, отворена e изложба на цртежи и скици на Васе Костовски, уметник аматер од општина Илинден. Љубителите на уметноста имаат можност да видат над 80 цртежи и скици на Костовски кој последните неколку години се занимава со уметноста, која како што вели, е негова голема љубов.

И преку оваа изложба општина Илинден покажува дека еден од нејзините приоритети останува развојот на културата и зачувувањето и негувањето на традиционалните вредности. При ова особено се внимава да им се даде шанса и да се промовираат и афирмираат сите оние што професионално или, како аматери се занимаваат со уметност.

Изложбата ќе биде отворена до 15 август.

 

 

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Теми во фокусот на вниманието

Видео

Инвестициските патишта водат кон општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013