



Жителите на Бујковци “На кафе со нашиот Градоначалник“
Реализацијата на Проектот на Општина Илинден “На кафе со нашиот Градоначалник“, по населеното место Бучинци, продолжи во н.м. Бујковци. Во реконструираниот Дом на културата во ова населено место Градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски имаше кафе-средба со повеќе жители, на која во пријатна атмосфера и неврзан разговор беа разменети мислења за актуелните состојби во Општината и посебно во ова населено место. Поголема транспарентност и отворена комуникација со граѓаните е главна цел на овој проект во рамките на кој Градоначалникот Жика Стојановски ќе оствари отворени средби со жителите во сите населени места. На овие средби што ќе се одржуваат во новоизградените и реконструирани домови на културата, со традиционален филџан кафе, граѓаните ќе можат да се информираат за активностите на Општината, како и да дадат свои идеи за создавње поквалитетен живот во нивното населено место. Наредната средба ќе се одржи на 27.01.2012 година (петок) во периодот од 11 до 13 часот, во Домот на културата во Кадино, каде што сите заинтересирани жители на ова населено место можат да бидат на “На кафе со нашиот Градоначалник“.
|
LanguagesпребарувањеNachricht
Berichterstattung |
ova e dobra ideja ...no bi
ova e dobra ideja ...no bi trebalo gradonacalnikot da gi pomesti terminite posle 16 casot za da mozat zitelite da prisustvuvaat na sredbite....bidejki vo tie termini se poveketo na rabota........pozdrav i se najdobro.......
Post new comment