Prijavi problem

Прес-конференција на градоначалникот на Општина Илинден Жика Стојановски

Published on: 30.11.2013 - 14:32

Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Жика Стојановски, градоначалник на Општина Илинден.

Користејќи ги нашите располжливи потенцијали, искуства, знаења и капацитети, целосно се насочивме кон реализација на ветените 111 проекти од Изборната Програма за периодот од 2013-2017г., со цел обезбедување на одржлив економско-социјален рамномерен развој и просперитетна иднина на целокупното население во Општина Илинден.

Реализацијата на дефинираните проекти директно зависи од воспоставената соработка и добрите партнерски односи на сите чинители во Општината, почнувајќи од партиципативното учество на граѓаните, бизнис секторот, невладините организации, локалната самоуправа и Владата на РМ.

Како резултат на заедничката соработка во изминатиот период ветените 111 проекти се отпочнати и се во фаза на реализација, од кои 56 целосно се реализирани, додека останатите проекти според досегашната динамика треба да бидат завршени во предвидениот рок.

  • Нашата енергија ја насочивме кон отворање на нови работни места, преку создавање на поволни услови за влез на домашни и странски инвестиции, како и поддршката на постојните стопански капацитети. Во таа насока работиме на изградбата на нова и подобрување на постоечката инфраструктура во 9-те локални економски зони, кои се протегаат на површина од 300 ха, што придонесе на веќе постоечките 110 компании, во изминатите месеци да им се приклучат уште нови 12 стопански субјекти.
  • Продолживме со реализација на капиталниот проект „Изградба на фекална канализација за прифаќање и третман на отпадните води“. Активностите во овој период се насочени кон изградба на два сегмента од канализацискиот систем, во нас.Илинден и н.м. Кадино, со поставување на канализациски цевки и шахти во должина од 8.000 м. и две пречистителни станици со капацитети од по 1.250 е.ж. (еквивалент жители).
  • За прв пат воведовме средно образование во Општина Илинден, како резултат на изградбата на новото модуларно училиште и плод на успешната соработка на Општината со Владата на Република Македонија и Министерството за образование и наука. Потпишавме меморандуми за соработка со компаниите Ван Хол Македонија, Џонсон Контролс и МЕПСО, за подобрување на образовниоот процес и обезбедување на практична настава и обука за учениците од средното стручно училиште „Илинден“.
  • Ја отворивме првата „Општинска библиотека Илинден“ во новиот Дом на Култура Илинден, во чии рамки се наоѓа читална и располага  со голем книжевен фонд, во кои се опфатени и книгите од Проектите на Владата на Р.Македонија.
  • Во населба Илинден изградивме ново повеќенаменско игралиште, кое е дел од проектот  на Владата „100 повеќенаменски спортски игралишта“.
  • Се реализира проектот за домување и изградба на новата населба Јака, која се простира на површина од 28 хектари и опфаќа 500 парцели за изградба на семејни куќи, трговски центар, хотелско сместувачки капацитети, забавен парк, спортски терени и простор за собир. Големиот интерес е пројавен за овие градежни парцели со што уште еднаш се покажа дека Општина Илинден останува атрактивна дестинација за многумина инвеститори, но и посакувано катче за домување.
  • Работиме на Уредување, чистење, нивелирање и одржување на каналската мрежа за прифаќање на атмосферските води;
  • Ги реализравме проектите за енергетска ефикасност во јавните општински установи со изградба на системи за греење и ладење со геотермални пумпи во Основното Училиште Гоце Делчев и Детската градинка Гоце Делчев;

Реализиравме и проекти кои што не беа дел од програмата, а за кои се покажа дека во дадениот момент им се потребни на граѓаните на Општина Илинден.

Еден од таквите проекти е реализацијата на проектот ,,Намалување на екстремната сиромаштија’’, со кој се насочивме кон обезбедување на помош на социјално ранливите групи на семејства и лица, се со цел намалување и ублажување на екстремната сиромаштија преку:

-Давање директна помош во вид на прехрамбени продукти и облека на социјално загрозените семејства, лица и повеќедетни семејства.

-Ангажирање на 25 социјално ранливи лица во јавниот сектор, во делот на јавна чистота, задолжени за одржување на хигена на улиците и зеленилото. Преку оваа мерка им се помага на граѓаните да стекнат приходи и да обезбедат средства за себе и своите семејства.

-Ангажирање во приватниот сектор, изнаоѓање на можности и посредување за вработување на социјално загрозените лица на соодветни работни задачи;

Отворивме подрачна канцеларија на Министерството за труд и социјална политика;

Отворивме Дисперзирана канцеларија на Агенцијата за Вработување каде на граѓаните ќе им бидат достапни сите услуги и информации за активните мерки за вработување ;

Воведовме Е-кат шалтер услуга во соработка со Агенцијата за катастар на недвижности каде на граѓаните ќе им бидат достапни сите акти што ги издава Катастарот;

Издадовме 3000 решенија и согласности за легализација на бесправно изградени објекти, од поднесените 6 144 барања.

Во периодот што следува со ист интензитет ќе продолжиме со реализација на преостанатите зацртани проекти во нашата програма.

  • Изградба на Здравствен дом-поликлиника ,за која имаме дефинирана градежна парцела и обезбедивме инвеститор за реализација на овој проект;
  • Изградбата на Дом за стари лица;

Ќе продолжиме да создаваме нови вредности за подобра Општина Илинден. Подобрувањето на квалитетот на живеење и животниот стандард на жителите од сите дванаесет населени места останува наша главна цел од која нема да отстапиме, со што ќе ја оправдаме довербата на граѓаните.

Да ги искористиме силните страни на Општина Илинден !

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Теми во фокусот на вниманието

Видео

„Најдобриот работник“ во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013