Prijavi problem

Почна со работа првото средно училиште во Општина Илинден

Published on: 02.09.2013 - 11:49

 

Почетокот на новата учебна година во Општина Илинден е одбележан со уште еден голем успех во областа на образованието. Почна со работа првото средно стручно училиште, со што во Општина Илинден за прв пат од нејзиното постоење се воведе средно образование. Успешна работа на првата генерација средношколци им посака градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски.

Воведувањето на средно образование е резултат на изградбата на новото модуларно училиште и плод на успешната соработка на Општината со Владата на Република Македонија и Министерството за образование и наука. Средното образование се воведува со две паралелки за електротехничка струка и за информатика, комуникациска технологија и автоматика, со запишани 63 ученици. Новото средно стручно училиште располага со модерна лабораторија по ИКТ опремена со моќна информатичка опрема. 

Изборот на насоките во училиштето е резултат на успешната соработка на локалната самоуправа и бизнис секторот во Општината. По сеопфатната анализа за потребите од соодветни кадри за стопанството во Општината произлезе изборот на средното училиште кое ќе профилира кадри кои што веднаш по завршувањето ќе бидат оспособени да се вклучат во производствените процеси. Оваа практика од поодамна позната во светот, за прв пат во нашата земја се применува токму во Општина Илинден, благодарејќи пред се на добрата соработка на локалната самоуправа со бизнис заедницата.

Новата учебна година стартуваше и во трите основни училишта на подрачјето на Општината, во кои учат 2.000 ученици. Градоначалникот Стојановски ги посети училиштата при што со пригодни подароци добредојде во училишните клупи им посака на 200 првачиња, што е за десеттина првоодделенци повеќе отколку минатата учебна година.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Теми во фокусот на вниманието

Видео

Спортски викенд „Илинден 2017“
ilinden.gov.mk © 2013