Prijavi problem

Министерот Јанакиески и градоначалникот Стојановски во н.м.Кадино ја следеа изградбата на фекалната канализација

Published on: 27.04.2013 - 16:25

 

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски беа во посета на н.м. Кадино каде што е во тек изградба на фекална канализација за прифаќање и третман на отпадните води. Тие на самото место увидоа како се одвива изградбата на канализацијата, проект што Општина Илинден го реализира во соработка со Министерството за транспорт и врски.             

-Претходно жителите имаа септички јами и секое семејство мораше месечно да издвојува меѓу 1.000 и 2.000 денари за празнење на тие септички јами. Значи, покрај тоа што ќе се реши проблемот со канализацијата семејствата ќе имат заштеда од околу 2.000 денари, изјави за време на посетата на Општина Илинден министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски информираше дека изградбата на канализациската мрежа во населеното место Кадино е со должина од 4.000 метри и пречистителната станица и е со капацитет за 1.250 еквивалент жители, а  градежните активности треба да завршат до крајот на годината.

Станува збор за пречистителни станици кои се комплетно автоматизирани и претставуаваат модуларни системи кои што зафаќаат мал простор, имаат мала потрошувачка на електрична енергија и можат да се надградуваат во согласност со зголемувањето на капацитетот на еквивалент жители. Прочистената вода е со висок квалитет и може да се користи за наводнување на површините.

 

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Теми во фокусот на вниманието

Видео

ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
ilinden.gov.mk © 2013