




Настани21.03.2019 |
Данокот на имот-основа за поквалитетен живот20.03.2019 |
Покана за учество на Манифестацијата „Подарете книга за Велигденско јајце - симбол на Христовото Воскресение“На 25-ти април (четврток) 2019 година, во периодот од 10:00 до 14:00 часот Општина Илинден ја организира 13-та по ред традиционална Манифестација ,,Подарете книга за Велигденско јајце - симбол на Христовото Воскресение”. Оваa оригинална и единствена од ваков вид манифестација која што истовремено ги обединува културата, уметноста и традицијата ќе се одржи во Домот на култура „Илинден“, во населба Илинден. ![]() 18.03.2019 |
ПРОГРАМА - Литературна манифестација „Илинден 2019“15.03.2019 |
Проект „Со зеленило против загадувањето“На повеќе локации во Општина Илинден со засадување на садници и озеленување на просторот се реализира еколошкиот проект„Со зеленило против загадувањето“. Целта на овој проект е преку озеленување на јавните површини во урбаниот дел на Општината, односно покрај пешачко-велосипедските патеки, површини покрај општински улици и патишта, просторот околу домовите на култура, училишните дворови, локалните економски зони, просторот околу детската градинка, површини околу спортските терени и останати јавни површини, да се придонесе за подобрувањето на квалитетот на воздухот, унапредувањето на животната средина, како и подобрување на условите за живеење и квалитетот на живот во локалната заедница. ![]() 01.03.2019 |
Словенечкиот амбасадор Милан Јазбец во посета на Општина ИлинденВо работна посета на Општина Илинден престојуваше амбасадорот на Република Словенија во нашата земја, Милан Јазбец. За време на престојот во Општината тој оствари средба со градоначалникот Жика Стојановски, а беше реализирана и посета на локалните економски зони, како и Средното општинско стручно училиште „Илинден“. ![]() 01.03.2019 |
Советот го донесе планот за работа за подобрување на патната инфраструктура во 2019 годинаСоветот на Општина Илинден го донесе Планот за изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на општински патишта и улици на подрачје на Општина Илинден за 2019 година. На својата 19-та редовна седница што се одржа во конференциската сала на Домот на култура „Илинден“, советниците со свои предлози активно учествуваа во носењето на овој работен план, подготвен согласно средбите со граѓаните и потребите на бизнис секторот, како и предлозите дадени од буџетските форуми. ![]() |
LanguagesпребарувањеТеми во фокусот на вниманието
Nachricht
BerichterstattungГалерииВидео
Граѓаните на општина Илилнден активно вклучени во креирањето на буџетот за 2020 година
|