Prijavi problem

Зимски рекреартивни игри во фудбал, во спортската сала „Гоце Делчев“

Објавено на: 05.02.2019 - 19:59

Во организација на Општина Илинден,  Фудбалската федерација на Македонија, Федерација на училишен спорт и училишниот спортски клуб „Брамил“ од ООУ „Браќа Миладиновци, во спортската сала „Гоце Делчев“ почнаа Зимските рекреартивни игри во фудбал за зона Исток – „Илинден 2019“.

На игрите учествуваат учениците од одделенска настава од 2, 3, 4 и 5 одделение  од основните училишта од Општина Илинден - ООУ "Браќа Миладиновци", ООУ "Ристо Крле" и ООУ "Гоце Делчев", како и  ООУ "Кочо Рацин"  Општина Петровец. 

На зимските рекреативни игри во фудбал што се дел од проектот на ФФМ-Фудбал во училиштата и ќе траат два дена, ќе бидат реалзирани игри за анимирање и увежбување на фудбалските вештини, како и зонски натпревари меѓу основните училишта.

 

 

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Континуирано инвестираме во подобар и поквалитетен живот за сите во општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013