Prijavi problem

Во училишните клупи седнаа 200 првачиња од Општина Илинден

Објавено на: 03.09.2018 - 10:59

 

Денес, на почетокот на новата учебна година, својот прв училишен час го имаа 200 првачиња, кои годинава се запишаа во трите основни училишта во  Општина Илинден. Тие беа највозбудени во очекување на првиот час, кога за прв пат седнуваат во училишните клупи, започнувајќи ново поглавје од нивниот живот.

Добредојде и успешен почеток на новата учебната година, но и во понатамошното образование на 2000 ученици од општинските основни училишта „Гоце Делчев“, „Браќа Миладиновци“ и „Ристо Крле“ и петте подрачни основни училишта, им посака градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски.

За време на посетата на училиштата, градоначалникот Стојановски изрази задоволство што бројот на првачињата во изминатите години е константен и дека и годинава во прво одделение се запишаа 200 ученици.

-Сите три училишта се подготвени да ги прифатат не само првачињата туку сите 2000 ученици, како од аспект на инфраструктура, подготвени простории и училници, така и со кадар. Би сакал да истакнам дека и директорите и професорите во основните училишта се искусни, квалитетни професори кои што во изминатиот период создадоа многу квалитетни ученици кои што понатаму целосно се подготвени да се соочат со предизвиците што ги носи животот, истакна градоначалникот Стојановски.

Пред почетокот на првиот училишен час учениците од повисоките одделенија во трите основни училишта во чест на првачињата кои за прв пат седнуваат во училишните клупи подготвија пригодни приредби, а градоначалникот Стојановски, како и во изминатите години, на сите првоодделенци им подели пригодни подароци.

 

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Континуирано инвестираме во подобар и поквалитетен живот за сите во општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013