




Во Спортската сала „Гоце Делчев“ се одржа државниот натпревар во таеквондо
Објавено на: 15.03.2015 - 20:51
Во организација на таеквондо клубот „Илинден“, во Спортската сала „Гоце Делчев” во Општина Илинден, се одржа државниот натпревар во таеквондо. Посакувајќи им добредојде и многу успех на спортистите, натпреварот официјално го отвори покровителот на настанот, градоначалниокот на Општина Илинден, Жика Стојановски. Притоа, тој ја истакна потребата од афирмацијата на спортот, афирмација на таеквондото кој е еден од спортовите што традиционално се негува во Општина Илинден. На турнирот учествуваа 7 клубови од земјата (Илинден, Бутел, Борец, Гоце Делчев, Тигри, Кобра и Корио) со над 160 учесници, кои се натпреваруваа во повеќе дисциплини и категории. Присутните љубители на спортот во спортската сала „Гоце Делчев“ имаа можност да уживаат во многу квалитетни борби, а посебно беа воодушевени од настапот на најмладите категории на натпреварувачи, кои беа наградени со бурни аплаузи. За најдобрите учесници на овој државен натпревар беа обезбедени соодветни награди и медали. |
LanguagesпребарувањеТеми во фокусот на вниманието
НастаниИзвестувања
ГалерииВидео
Континуирано инвестираме во подобар и поквалитетен живот за сите во општина Илинден
|