Prijavi problem

Во Домот на култура „Илинден“ презентирани новите урбанистички планови за Илинден и Марино

Објавено на: 13.03.2015 - 19:14

 

Во Домот на Култура „Илинден” се одржа јавна презентација на новите урбанистички планови за населените места  Илинден и Марино, со важност во наредните 10 години. Театарската сала во Домот на култура „Илинден“ беше претесна да ги прими сите оние што сакаа да дадат свои мислења, предлози, идеи и забелешки за новите урбанистички планови.

Презентацијата ја отвори градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, кој го истакна значењето на квалитетното просторно планирање и имплементирање на визијата за развојот на Општината во наредните 50 години. Тој истакна дека од вкупната површина на Општината од 106,7 километри квадратни, со урбанистички планови е опфатена површина од  16,5 милиони метри квадратни, од кои 10,5 милиони метри квадратни индустриски зони, со искористеност од 91 % од површината.

Затоа, градоначалникот Стојановски ги повика сите учесници во локалната заедница да дадат сопствени мислења и предлози, зашто, како што рече, само со максимално учество на граѓаните во планирањето може да се изврши квалитетно организирање на просторот.

Во расправата за време на презентацијата се вклучија голем број граѓани и претставници на бизнис секторот, при што произлегоа и голем број конкретни идеи, сугестии и предлози кои многу ќе придонесат во донесувањето на квалитетни урбанистички планови.

За населеното место Марино урбанистичкиот план со површина од 204 хектари е во фаза на негово утврдување и одобрување од страна на Советот на Општината, по што ќе се спроведе јавна анкета и презентација на планот пред граѓаните.

Урбанистичкиот план за населба Илинден со површина од 360,50 хектари е поставен на јавен увид на граѓаните, со цел тие да го дадат своето миослење за истиот.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Свечено одбележан Денот на општина Илинден "Илинден 2-ри Август“
ilinden.gov.mk © 2013