




Турнирот во баскет по трет пат за екипата на „Кадино“
Објавено на: 24.07.2017 - 14:08
Кошаркарите на „Кадино“ по трет пат едно по друго го освоија кошаркарскиот турнир во рамките на Спортскиот викенд „Илинден 2017“, што Општина Илинден го организира по повод одбележувањето на националниот празник на македонскиот народ и Денот на Општина Илинден „Илинден 2-ри Август“. Во финалето екипата на „Кадино“ беше подобра од екипата на „Машна“, а во борбата за 3-то место кошаркарите на „Деспасито“ ја совладаа екипата на „Спарс“. Турнирот во баскет предизвика голем интерес. Речиси сите натпревари се одиграа пред бројна публика, што претставуваше мотив повеќе за натпреварувачите да дадат се од себе во надигрувањето со своите ривали. |
LanguagesпребарувањеТеми во фокусот на вниманиетоНастаниИзвестувањаГалерииВидео
ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
|